Струмица – По поставувањето втор асфалтен слој на транзитната делница низ Струмица, односно на дел од булеварот „Климент Охридски“, градежното претпријатие „Пелагонија инженеринг“ продолжува со реконструкција на регионалниот пат Струмица – Дојран.
Согласно ппрограмата на Агецијата за државни патишта, годинава ќе бидат
реконструирани вкупно 22 километра од овој патен правец со широчина на
коловозната лента од шест метри.
– Моментално работиме на делницата Струмица – Костурино во правец кон
Валандово. На 17,5 километри од вкупната траса вршиме отстранување на
два асфалтни слоја, а на 4,5 километри на еден и веднаш по вадењето на
стариот асфалт, километар по километар, поставуваме нов слој со дебелина
од пет сантиметри. Со ваквата динамика настојуваме на овој фреквентен
патен правец да нема речиси никакви застои во одвивањето на сообраќајот,
изјави Чедо Стојковски од ГП „Пелагонија инженеринг“.
За реконструкција на оваа делница, која треба да заврши до октомври, ќе
бидат потрошени околу 166 милиони денари од државниот буџет. (МИА)